Се чини дека Lenovo вредно работи на новата серија таблет уреди. Сега гледаме како новиот, традиционален таблет се појавува на разни места. Како што сугерира самото име – Tab M10 5G е буџетски модел, со дијагонала на екранот од околу 10 инчи. Сега има и сопствена страница на Google Play конзолата, во комплет со мал рендер што не открива многу, како и бројот на модел TB-X607Z.
На листата се споменува и Qualcomm SM6350 чипсет, што е Snapdragon 690 5G – 8nm чипсет, со шест Kryo 560 Silver јадра со брзина на такт од 1,7 GHz и два Kryo 560 Gold, до 2,0 GHz, плус Adreno 619L GPU и интегриран X51 5G модем. Убав исчекор од Helio P22 чиповите, кои се наоѓаа во претходните модели на Tab M10. Процесорот е спарен со 6GB RAM меморија на екран со резолуција од 1200 x 1920 пиксели.
Истиот број на модел TB-X607Z може да се најде и во неколку неодамнешни GeekBench записи на мрежата. Тие не пружаат никакви дополнителни информации и едноставно ги потврдуваат работите како Snapdragon 690 5G чипсет, 6 GB RAM и оперативен систем Android 11.
Сè уште немаме информации за цените или достапноста на Lenovo Tab M10 5G, но се чини дека наскоро би можеле да имаме најава за неколку уреди на Lenovo.
Поврзани артикли