Американската компанија SpaceX ќе лансира сателит во орбитата на Месечината во 2022 година, кој целосно е платен со криптовалутата доџкоин, објави на Twitter, шефот на компанијата, Елон Маск.

„Следната година SpaceX кон Месечината ќе го лансира сателитот ‘Доџ-1’, платен со криптовалутата доџкоин“, напиша Маск.

На веб-страницата на канадската компанија Геометриска енергетска корпорација (ГЕЦ), која е сопственик на сателитот, се забележува дека тој ќе биде лансиран во првото тримесечје од 2022 година со помош на ракетата на носачот Falcon 9. Тој ќе собира податоци за Месечината со помош на сензор и камери. Компанијата ќе го испрати сателитот користејќи програма за лансирање на комерцијални летала понудена од SpaceX.

„Користејќи доџкоин во договор од вакви размери, Геометриската енергетска корпорација и SpaceX го зацврстија доџкоинот како валута за деловно работење на Месечината“, се вели во соопштението на ГЕЦ.

„Оваа мисија ќе демонстрира примена на криптовалути надвор од орбитата на Земјата и ќе ги постави темелите за меѓупланетарна трговија“, рече потпретседателот за комерцијални операции на SpaceX, Том Очинеро.

Маск на почетокот на април објави на Twitter дека SpaceX ќе испрати доџкоин на Месечината, но не објасни на што точно мислел. По објавувањето, вредноста на криптовалутата се зголеми 30 проценти. Во неделата среде веста за испраќање сателит платен со доџкоин валутата порасна на 0,58 долари за единица за разлика од 0,50 долари претходната вечер.