Смартфонот Galaxy S20 FE беше голем хит за Samsung, а оваа година ќе добие наследник.
Производството на претстојниот Galaxy S21 FE ќе почне во јули, додека пристигнувањето на пазарот се очекува во август.
Рендерите на овој уред веќе се појавија, а се очекува дека ќе има 6,4-инчен AMOLED екран со punch-hole отвор за селфи камерата од 32MP. Уредот ќе го покренува Exynos 2100 или Snapdragon 888 процесор, зависно од пазарот, а ќе биде достапен со интерна меморија од 128 и 256 GB.
Уредот ќе го напојува батерија од 4.500 mAh, а купувачите ќе можат да бираат помеѓу белата, сивата, розе и виолетова боја. Исто така, се споменува светло зелената и светло виолетовата боја.
Поврзани артикли