Google ги следи и чува информациите за речиси сè што купуваме на интернет – без оглед на продавницата или услугата што ја плаќаме. Гигантот користи алатка за складирање вредни информации што се достапни дури и за корисниците.
Интересно е што секој корисник на Google има пристап до веб-алатката која е активна за неопределено време. Можете да проверите што сте купиле на следната адреса. Извештајот за купени производи во нивниот случај датира од 2010 година, и ова вклучува дури и софтвер купен преку Apple App Store.
„За да го направиме полесен процесот за следење и организирање на вашите купувања, резервации и претплати, ние направивме дестинација за лична употреба, која може да биде видена само од конкретниот корисник“, вели Google за The Verge во врска со функционалноста на својот инструмент.
„Можете да ги избришете овие информации во секое време. Не ги користиме овие информации за да ви пуштаме реклами“, додава портпаролот на гигантот. Последниот сепак не дава одговор колку време постои споделениот во овој текст инструмент. Потсетуваме дека во 2017 година Google посочи дека ќе престане да ги користи собираните преку Gmail информации со цел персонализирана реклама.