Пред објавата на PlayStation 5 конзолата, Sony патентираше неколку технологии покренувани од вештачка интелигенција (AI), која воглавно обезбедува совети и водичи во текот на гејмплејот. Сега се појави уште еден патент, овој пат за AI функцијата која може да ја преземе контролата и да ја игра видео-играта за корисникот.
Патентот опишува AI кој генерира гејмплеј профил за секој гејмер, црпејќи информации од неговите навики во текот на играњето, стилот на гејмингот и другите елементи. Кога ќе се собере доволна количина на податоци, AI може да игра за вас на сличен начин на кој и самите би играле.
Описот во патентот сугерира: „Методот вклучува следење на мноштво гејмплеј корисници кои играат голем број игри. Методот содржи генерирање на корисничкиот профил на гејмингот со прилагодување на подразбираниот стил на играње врз основа на мноштво игри, при што корисничкиот профил на играње вклучува начин на играње прилагоден на корисникот. Методот вклучува контролирање на инстанца на првата апликацијата за играње врз основа на стилот на играње на корисничкиот профил“.
Се работи за интересна идеја и се поклопува со претходните идеи што ги имаше Sony, а вклучува нудење на совети за да се надминат различните предизвици во играта, или помагање во текот на пронаоѓањето на тајни области за собирање трофеи и достигнувања.
Поврзани артикли