NASA и комерцијалната ракетна компанија SpaceX за денеска закажаа лансирање на четиричлен тим кон Меѓународната вселенска станица (ISS), кој би бил првиот тим што ќе биде испратен во орбитата со рециклираната ракета од претходното лето.
Лансирањето на „Ендевор“ е планирано за 5:49 часот по источноамериканско време од вселенскиот центар „Кенеди“ на Флорида, пренесува „Ројтерс“.
Речиси 24-часовното патување до вселенската станица, која се наоѓа на 400 километри од Земјата, требаше да започне в четврток, но беше одложено за денес, поради лошите временски прогнози.
Метеоролозите за денеска прогнозираа дека ќе има 90 процентна шанса метеоролошките услови на местото на лансирање да бидат поволни, што ги подобрува условите за лет.
Ова е трето лансирање на тим во орбитата за приватната компанија на Елон Маск, SpaceX, под покровителство на NASA.