Украинката Динара Каско е светски познат кулинар и мајстор за правење торти. Таа, всушност, била архитект пред да се префрли на правење десерти, па таа нејзина умешност за правење необични геометриски форми ја искористува за своите торти.
Таа користи компјутерски софтвер за моделирање за да ги направи своите сложени уметнички и уште повкусни дела, а потоа ги печати со 3Д принтер. Динара почнала да ја користи техниката 3Д печатење пред 3 години, а сега целиот свет има слушнато за нејзините торти.