Иако не делат месеци од објава за следната iPhone линија на Apple, гласините за овие уреди не престануваат да се појавуваат. Претходните извештаи сугерираа дека iPhone 13 ќе има секогаш always-on 120Hz дисплеј, помал засек и парна комора за подобро ладење, како и помали батерии и складирање до 1TB. Во новиот извештај се споменува дека iPhone 13 ќе поддржува millimeter wave (mmWave) 5G надвор од САД.
Актуелниот iPhone 12 веќе поддржува mmWave 5G во Америка, но според аналитичарот Минг-Чи Куо, технологијата ќе биде достапна и на уредите во други земји. Во извештајот, тој сугерира дека iPhone 13 моделите кои ќе се продаваат во САД, Австралија, Канада, Јапонија и од најголемите оператори во Европа, ќе го поддржуваат mmWave 5G.
5G претставува комбинација од sub-6GHz фреквенции од низок и среден опсег, како и милиметарски бранови (mmWave). Технологијата MmWave е брза, дозволува брзина во гигабити, но може лесно да се блокира. Sub-6GHz фреквенциите со низок опсег можат да поминуваат низ бариери како што се sидови и прозорци, но се побавни.
Извештаите од претходно сугерираат дека Qualcomm X60 модемот ќе обезбеди подобрени 5G брзини за следната iPhone серија, a ќе понуди побрза агрегација на податоци и ќе им овозможи на телефоните да користат и sub-6GHz и mmWave опсези.