Instagram почна со тестирање на нова опција што е достапна во Хрватска, пишува Index.hr, а се очекува наскоро да биде достапна и во Македонија – станува збор за криење на лајковите.
„Определете како сакате да ги гледате известувањата – „ми се допаѓа“ – на објавите“, ги информираше Instagram своите корисници.
„Отсега натаму, можете да го скриете бројот на „лајкови“ на објавите на корисниците, за да можете повеќе да се концентрирате на содржината што ја споделуваат.
Може да го скриете и бројот на „лајкови“ на вашите објави, се вели во известувањето.
Instagram го почна експериментот на криење лајкови на глобално ниво во средината на 2019 година, но во тоа време немаше избор и само одреден број профили беа вклучени во експериментот.
Компанијата претходно објасни дека тоа го прават поради влијанието на лајковите врз менталното здравје на корисниците.
Покрај тоа, отстранувањето лајкови помогнало, велат тие, во намалувањето на „менталитетот на стадото“, што влијае на луѓето да сакаат работи што се веќе популарни, наместо самите да проценуваат за квалитетот на содржината.
Извор: B92.net