Нов супер сој на коронавирусот во Бразил е комбинација од 18 мутации вклучувајќи ги таканаречените соеви на Бразил, Велика Британија и Јужна Африка.
Според извештаите на локалните медиуми, научник потврдил дека новиот вид, кој првпат бил откриен во градот Бело Хоризонте, содржи многу познати мутации.
„Тој има заеднички карактеристики со видовите коронавирус што веќе циркулираа во Бразил, но има и нови карактеристики“, рече за локален дневен весник Ренато Сантана, вирусолог од Федералниот универзитет во Минас Гераис.
„Како да еволуирале овие варијанти“, рече Сантана и додаде дека новата варијанта ги вклучува истите гени модифицирани од бразилскиот манаус, познат како П1, британската и јужноафриканската варијанта.
Иако тој потенцира дека е рано да се каже дека новиот вид е позаразен или смртоносен, Сантана рече дека новиот вид има карактеристики на оние варијанти што веќе се поврзани со поголем ризик од смрт.
Во Бразил се забележува брз пораст на новозаразени од Ковид-19 во последните неколку недели, а Сантана рече дека рапидно растечкиот број на сериозно болни луѓе може да биде поврзан со разни мутации, кои во моментот циркулираат во Бразил и пошироко.
Тој наводно рекол дека релативно бавната вакцинација го забрзува појавувањето нови варијанти бидејќи континуираното ширење на вирусот овозможува тој да биде поотпорен на откривање и заобиколување на антителата бидејќи имунолошкиот систем го гледа само оригиналниот вид, посочил Сантана.
Извор: Макфакс