Зголемената продажба на автомобили SUV, по енергетскиот сектор, е вториот најголем извор на глобален пораст на емисиите на јаглерод диоксид од 2010 до 2018 година, а емисијата на јаглерод од SUV возилата е поголема од вкупната емисија на јаглерод во Велика Британија и Холандија, се вели во анализата на Меѓународната агенција за енергија. пренесува „Гардијан“.

Во тој период, SUV возилата го удвоија својот глобален удел на пазарот од 17 отсто на 39 отсто, при што нивните годишни емисии се искачија на повеќе од 700 мегатони СО2.

Од 2010 до 2018 година, емисиите на јаглерод диоксид од енергетскиот сектор се зголемија за 1405 мегатони СО2, СУВ 544 мегатони СО2, тешката индустрија за 365 мегатони, камиони за 311 мегатони, авијацијата за 233 мегатони, бродовите за 80 мегатони, додека сите другите автомобили ги намалија нивните емисии за 75 мегатони C02.

Со зголемената продажба на СУВ возила, емисијата на автомобилски јаглерод диоксид се зголеми за четири пати за осум години. Доколку SUV-возачите би имале своја земја, таа држава ќе бешее седма во светот според емисиите на јаглерод.