Нура Ал-Матруши е нова астронаутка на програмата на Вселенскиот центар Мохамед Бин Рашид од Обединетите Арапски Емирати. На тој начин, таа влезе во историјата како прва арапска астронаутка.
Веста на Твитер ја објави потпретседателот на УАЕ и премиер, шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактоум.
Покрај неа, меѓу 4.000 кандидати, избран е и Мохамед Ал-Мула, соопшти владетелот на Дубаи. Тој наведе дека тие двајца за идните истражувања на вселената ќе тренираат со NASA.
We announce the first Arab female astronaut, among two new astronauts, selected from over 4,000 candidates to be trained with NASA for future space exploration missions. Congratulations Noura Al Matrooshi and Mohammed Al Mulla. pic.twitter.com/bfyquyzqAJ
— HH Sheikh Mohammed (@HHShkMohd) April 10, 2021
„Нацијата денеска ми пружи незаборавни моменти. Целта ми е на порно да работам на сценарија на историски моменти и достигнувања кои засекогаш ќе се врежат во нашиот народ. Благодарна сум на нашето мудро раководство и тимот на програмата за астронаути на ОАЕ. Подготовките почнуваат сега“, твитна Ал-Матруши.
Таа е родена 1993 година и дипломирала машинство на Универзитетот на ОАЕ, се наведува во видеото на вселенскиот центар МБР.
Работи како инженерка во Национал Петролеум, а нејзината страст за вселената почнала во младоста, затоа што уживала на настани со таа тематика.
Нејзиниот колега Ал-Мула роден е 1988 година, а работи како пилот на полицијата во Дубаи, каде воедно е и шеф на одделот за обука, пренесе CNN.