Дојавувачот Digital Chat Station сугерира дека Xiaomi развива два нови Mi Pad таблет уреди, а дава увид и во главните спецификации на овие модели.
Таблет уредите немаат официјални имиња и условни имиња им се Xiaomi Mi Pad 5 и Mi Pad 5 Pro. Ќе бидат опремени со истиот 11-инчен LCD екран со 2560 x 1600p резолуција, со детекција на 4096 нивоа на притисок. Дисплејот има брзина на освежување од 120Hz.
Главната разлика помеѓу двата споменати таблет уреди ќе биде во чипсетот. Еден модел ќе го користи новиот 5nm Snapdragon 780G, со вграден X53 5G модем (sub-6). Вториот таблет ќе има SM8150-AC чип, а овој број на модел е ист и за Snapdragon 855+ и Snapdragon 860. Двата чипа се креирани во 7nm и немаат вграден 5G модем.
Засега не е познато кога Xiaomi официјално ќе ги претстави овие нови таблет уреди.