Платформата која служи за барање работа, LinkedIn призна дека во кражба на лични податоци од профили се оштетени повеќе од 500 милиони корисници.
Кражбата првобитно ја откри сајтот CyberNews, во чиј извештај пишува дека се украдени идентификациски броеви, имиња и презимиња, мејл адреси, броеви на телефони, пол и поврзаност со другите социјални мрежи, и дека се продаваат на илегалниот Dark Web. Деталите за лицето или организацијата која ова го извршила моментно не се познати.
„Корисниците веруваат дека LinkedIn ги штити нивните податоци, а ние преземаме мерки за тоа и да се оствари. Ги истраживме податоците кои недозволено се продаваат и утврдивме дека всушност се работи за збир на податоци од бројните веб локации, меѓу кои е и нашата платформа“, напишаа од LinkedIn, признавајќи го кршењето на правата на корисниците.
.. and I'm finally done with this @LinkedIn platform just like Facebarf…
It's time to delete them all ya'll.
— kickn8 (@kickn8Reborn) April 8, 2021
LinkedIn е основан во 2002 година, има повеќе од 740 милиони корисници во повеќе од 200 милиони држави.
Некои од корисниците изразија загриженост и напишаа дека сега е вистинското време да ги избришат профилите. Други, пак, напишаа дека нема причина за загриженост, затоа што украдените податоци всушност веќе биле јавно видливи.
FOLKS.
Read the article before ranting.
“The data from LinkedIn users includes only information that people listed publicly in their profiles.”
Nothing was hacked.
— canestastic (@canestastic2020) April 9, 2021