LG ја најави својата линија soundbar уреди за 2021. година, која нуди нови функции. Линијата ја сочинуваат моделите SP11RA, SP9YA, SP8YA, SP7Y и SPD7Y, а звучниците сега работат подобро со телевизорите на LG, бидејќи компанијата додаде поддршка за AI Sound Pro функцијата. Звукот од ТВ може да се дели со soundbar-от и можат да се користат сите режими на звук, кои се добиваат од вградените звучници на телевизорот, но сега на доделениот хардвер.
Покрај тоа, уредите поседуваат прилагодување на звукот од компанијата Meridian Audio, која соработува со звучните производи на LG веќе некое време. Soundbar уредите поддржуваат Dolby Atmos и DTS: X звук, како и Hi-Resolution Audio.
Повеќе премиум модели (SP11RA, SP9YA и SP8YA) поддржуваат некои ексклузивни функции, како што се 4K видео Dolby Vision и имаат поддршка за Alexa, Google Assistant и Siri гласовните асистенту, како и Apple AirPlay 2. Сите звучни ленти имаат опционални звучници на задната страна, освен SP11RA премиум моделот, кој ги има од самиот старт.
LG soundbar линијата за 2021 година ќе биде достапна од април, а повеќе модели ќе се појават на пазарот подоцна.
Поврзани артикли