Casio го претстави својот нов паметен часовник G-Shock со платформата Google Wear, што воедно е и првиот G-Shock часовник со дисплеј во боја.

Како што може да се очекува од еден G-Shock часовник, моделот „GSV-H1000“ има робустен изглед со титаниумска подлога за поголема издржливост. Дека навистина е жилав покажува и отпорноста на удари и вода до длабочина од 200 метри. Новитет е Android Wear системот, спарен со двослоен екран, со секогаш вклучен (always-on) екран за прикажување на времето, во комбинација со LCD екран во боја што може да прикажува мапи, известувања, податоци за сензори и други информации.

Часовникот е преполн со сензори, вклучувајќи вграден GPS, оптички сензор за отчукување на срцето, компас, можност за мерење на надморската височина, барометарски притисок и многу повеќе. Се одликува и со апликацијата Casio за 24 опции за вежбање во затворено и 15 активности, вклучително трчање, велосипедизам на пат и пливање или повеќе екстремни спортови како сурфање и бордање. Во меѓувреме, платформата Wear OS овозможува пристап до известувањата на вашиот паметен телефон, голем број апликации и пристап до Google Now.

На корисниците веројатно нема да им се допадне 1,5-дневното траење на батеријата, иако може да се продолжи на еден месец со вклучен „режим на заштеда на батеријата“.

Извор: B92.net