Toyota гради футуристички паметен град во Јапонија кој ќе биде своевидна лабораторија за тестирање нови технологии.
Во градот ќе се тестираат самовозечки автомобили и роботи, а ќе бидат покренувани од водород и соларна енергија.
Ќе постојат три типа улици – едната ќе биде исклучиво за пешаци, втората ќе биде за велосипедисти и скутери, а третата за автономни автомобили.
Роботизираните, автономни уреди ќе бидат користени за доставување на стоката. Градбите ќе бидат направени од дрво за да се намали емисијата на јаглерод диоксид.
Сензорите ќе ја следат здравствената состојба на жителите, а роботите ќе се користат за секојдневни активности.
Овој град ќе настане во близина на Токио, на местото каде што некогаш постоела стара фабрика. Меѓу првите 360 жители ќе бидат семејства и инвеститори во следните пет години.
Планот е во него да живеат две илјади луѓе, објавија од Светскиот економски форум (WEF).