Програмата на Apple за независни сервисери наскоро ќе биде достапна во повеќе од 200 земји, речиси насекаде каде што се продаваат производите на Apple. Програмата оригинално почна во 2019. година, а минатата година се прошири во Европа и Канада.
Independent Repair Provider програмата им овозможува на сервисерите од сите големини пристап до деловите на Apple, алатките, прирачниците за сервисирање и дијагностика, за да понудат сигурни поправки и сервисирање на производите на Apple. Моментно ширум САД, Канада и Европа постојат преку 1500 Independent Repair Provider локации, кои ги услужуваат корисниците.
Во најновото соопштение, Apple објави дека и Македонија е на листата на земји во кои програмата на Apple за независни сервисери ќе биде лансирана подоцна во текот на годината. Не постојат трошоци за зачленување во програмата, а за да се квалификуваат, сервисите мораат да имаат техничари со Apple сертификат, со кој можат да ги извршуваат поправките.
Квалификуваните сервисери можат да купуваат оригинални Apple делови и опрема по иста цена како и AASP (Apple Authorized Service Providers), а ќе имаат бесплатен пристап до тренинзите, упатствата за сервисирање и дијагностиката.
Повеќе информации се достапни на следниот ЛИНК.