Google Chrome претходно стандардно ги вчитуваше HTTP домените, од моментот кога ќе се внесе нецелосна URL-адреса (како што е usb.mk) во омнибокс. Ова одамна е практика за оние кои немаат време да го внесат целосниот URL со соодветен протокол.
Ова наскоро ќе се промени со новото ажурирање, кое Google го испорачива со Chrome 90. Компанијата објави дека Chrome стандардно ќе го користи побезбедниот HTTPS при внесување URL адреса без протокол во сеопфатното сандаче (под претпоставка дека страницата што ја посетувате веќе поддржува HTTPS). Новата нативна опција се однесува и на десктоп и на Android верзијата на браузерот, а наскоро пристигнува и на Chrome за iOS.
Доколку сајтот сè уште не поддржува HTTPS, прелистувачот ќе се префрли на HTTP. Ова ќе се случи и при случај на грешки со сертификатите или проблемите со конекција. Овој протокол врши енкрипција на сите информации кои се пренесуваат преку мрежата, за да се спречат потенцијални напади.
Покрај подобрената безбедност, оваа промена ќе овозможи побрзо вчитување на страниците, бидејќи го прескокнува пренасочување од HTTP кон HTTPS на сајтовите кои веќе го поддржуваат HTTPS протоколот.