Невладината организација „Репортери без граници“ (Reporters Without Borders – RSF) со седиште во Париз, поднесе тужба против Facebook во Франција, обвинувајќи ја познатата платформа дека не обезбедува безбедна средина за корисниците, прекршувајќи ги сопствените услови.
Како што се наведува, измамата на потрошувачите според француските закони е незаконска и компаниите се соочуваат со казни до 10 проценти од годишната продажба, доколку се утврди дека ги кршат правилата.
Во тужбата поднесена до обвинителите во Париз се тврди дека Facebook дозволил ширење дезинформации и закани и покрај ветувањата до корисниците дека ќе создаде безбедна и слободна средина на професионален начин.
Како доказ за овие тврдења, „Репортери без граници“ ги цитираа изјавите на поранешните вработени во Facebook, во кои се детализирани говорите на омраза и заканите упатени кон француските новинари, работата на организациите за проверка на фактите и примерите на дезинформациите објавени на платформата.