Коронавирусот се прошири низ светот како „совршено невреме“, а само малку фалеше воопшто да не дојде до пандемија, покажала новата студија, пренесуваат странските медиуми.
Откако се појави смртоносниот вирус, се верува дека потекнува од пазарот во кинескиот град Вухан.
Првобитно се веруваше дека болеста преминала од животните на луѓето, а сега експертите сметаат дека пазарот е единственото место каде што болеста „зајакнала“.
Научниците од Универзитетот во Аризона откриле дека ковид-19 брзо се проширил низ Кина поради одредени фактори, но и поради тоа што вирусот имал неколку специфични „продори“.
Експертите сметаат дека личноста која што ја донела болеста на пазарот, едноставно тој ден да останела дома, пандемијата веројатно никогаш не би избила и никогаш не би слушнале за овој вирус.
Мајкл Воробеј, професор по еволутивна биологија од Универзитетот во Аризона, за „CNN“ изјавил:
„Тоа било совршено невреме, сега знаеме дека морало да има неколку продори за да се оформи цврсто. Доколку работите беа само малку поразлични, доколку таа личност останела дома или пак не би отишла на пазар, тој и други „суперширителски“ настани можеби никогаш не би се случиле. Можеби никогаш не би слушнале за коронавирус“, изјавил тој.
Тимот научници долго проучувал како и колку долго вирусот се ширел во Кина пред истиот да биде откриен, а утврдено било дека во земјата бил присутен пред октомври 2019 година.
Воробеј вели дека според една студија, околу 12 луѓе биле заразени од октомври до декември. Меѓутоа, не верува дека самиот пазар е извор на заразата затоа што одредени пациенти не биле воопшто таму.
Извор: Espreso.co.rs