Вакцини против коронавирусот, Ковид пасоши и лажни негативни тестови се продаваат преку илегалната Dark Web мрежа.
Цената за една доза од вакцините АстраЗенека, Спутник V, Синофарм и Џонсон и Џонсон се движи меѓу 500 и 750 долари, додека пак лажната потврда за вакцинација се продава по цена од 150 долари.
Истражувачи од компанијата Check Point, кои што следеле хакерски формули и други продажни места од месец јануари кога се појавија вакцините, велат дека е забележан зголемен број на огласи во врска со вакцините за коронавирусот.
Еден од продавачите ветува достава за само еден ден, а поединци за купување на два негативни тестови на коронавирусот, третиот го даваат гратис.
Dark web е дел од интернетот кој што е достапен само по пат на одредени алатки за пребарување.
Од Check Point предупредуваат на најважната работа кога станува збор за огласите кои што се наоѓаат на Dark web:
„Важно е луѓето да разберат дека обидот за набавка на вакцини или негативни тестови за ковид-19 по неслужбен пат е екстремно ризичен затоа што на хакерите повеќе ги интересираат парите и информациите за вашиот идентитет кој што подоцна можат да го искористат против вас“.
Оттаму додаваат дека веруваат дека станува збор за измамници, а упатиле и апел до сите светски држави да воведат QR код во документацијата на вакцините.
Поврзани артикли