Социјалната мрежа Facebook наскоро ќе укине една од опциите кои беа многу корисни за време на пандемијата.
Станува збор за опцијата за заедничко гледање видеа која ќе биде укината од 16 април оваа година. Доколку сакате да ги преземете вашите објави или коментари од некои претходни заеднички гледања, тоа може да го сторите до 15 април.
Како да ги преземете податоците?
Опцијата Download Your Information ви овозможува да ги преземете сите објави, видео-снимки и реакции;
Во горниот десен агол изберете „Settings and Privacy“, па потоа „Settings“;
Од левата страна одберете „Your Facebook Information“;
Изберете „View“ и таму изберете што ви е потребно, а со опцијата „Create File“ ќе го потврдите барањето.
Откако ќе го поднесете барањето, ќе мора да почекате неколку дена, а тогаш ќе ги видите вашите податоци во „Download Your Information – Available Copies“.