Астероидот (2017 IZ4) кој до 25. декември беше непознат и за NASA, во наредните два дена опасно ќе се приближи на Земјата. Тој ќе помине меѓу Земјата и Месечината на одалеченост од 138.000 километри.
NASA го следи движењето на овој астероид за кој се проценува дека има меѓу 7 и 15 метри во пречник. Иако е релативно мал ако би паднал на Земјата може да предизвика голема штета.
Во февруари 2013 година, непознат 19 метарски метеор експлодирал на небото над руската Челјабинска област, со силина еднаква на експлозија 500.000 тона ТНТ.
Експолизијата ги скршила стаклата на голем број станбени згради, а повредени биле над 1000 луѓе. Заклучно со 24. декември, од 17.495 објекти во близина на Земјата се астероиди, велат од НАСА.
Оваа година откриле само 1.985 нови астероиди во близина на Земјата. Имало 1.888 откриени предмети во 2016 година и 1.571 во 2015 година.
2017 IZ4 е од Аполо групата на астероиди кој редовно напролет е покрај нашата планета.