Ако на пријателите и семејството им праќање многу видеа, ќе ве израдува најновиот додаток во WhatsApp.
WhatsApp воведе можност за отстранување на звукот во видеото во апликацијата за чет, пред да го испратите. Тоа е мала промена, но веројатно ќе се покаже како корисна. Впрочем, ако сте снимиле видео со лош звук и прекумерна врева во позадина – како врескање на илјадници фанови на концерт или случајно сте кажале некој грд збор на снимката – има многу причини што можеби сакате да го отстраните звукот.
?For your eyes, not your ears. You can now mute the audio on your videos before adding them to your Status or sending in chat. Now available on Android.
— WhatsApp (@WhatsApp) February 26, 2021
Љубителите на WhatsApp досега мораа да одат во апликацијата за уредување фотографии на својот телефон, да го отстранат звукот и потоа да се вратат во четот и да го испратат видеото. Со најновата верзија на WhatsApp, која моментно е достапна на Android, сега во горниот лев агол на снимката се наоѓа икона за звучник. Допирањето на иконата ќе го овозможи или оневозможи звукот. Ова функционира при испраќање видео снимки на контактите, групен разговор или аплоуд на видео во WhatsApp статус. Како Snapchat и Instagram, WhatsApp им нуди на корисниците можност за монтажа на текст, фотографии и видеа што истекуваат по 24 часа. Познат како Статус, дизајниран де а обезбеди увид во вашиот ден – без оставање на траен запис. За да ја тестирате функцијата, ќе треба да користите WhatsApp на Android и да ја стартувате најновата верзија (најмалку v2.21.3.19) од Google Play Store.