Секој модерен телефон со Android има јасно дефинирани функции кои ја следат вашата активност. Ако сте параноични, не грижете се, голем број локациски услуги можете елегантно да ги исклучите.

Следењето на локациите на уредите понекогаш е многу корисно – ако барате близина добро кафуле или ресторан или дали има во близина бензинска, но има и низа ризици, како следењето на вашето движење кое останува зачувано во Google. Сакате ли да му дозволите на Цукерберг да знае точно каде сте? Не грижете се, има начини како да го запрете следењето.

Како да го сопрете Google?

За да можете да го спречите Google во следењето на вашата локација, прво треба да влезете во апликацијата Google, да одите во поставките, каде што треба да се појави вашата е-пошта. Под неа е полето Manage your Google account. Влезете таму и одете десно на Data & personalisation. Потоа одете на Activity controls и таму паузирајте или гасете ги несаканите функции што ја следат вашата активност.

Секако, ако сакате подетален преглед на активностите, одете надолу до My activity и таму избришете ги сите активности што сакате. Во секоја категорија има три точки отстрана кои овозможуваат бришење на одредени количини податоци – само некој дел или сите.

Како да ја избришете историјата на движење на Google?

Бришењето на историјата на движење е изводливо и со помош на „Гугл Мапс“. За да го направите тоа, прво отворете ја апликацијата и одете на трите цртички во горниот лев агол. Таму одете на Your Timeline, па на трите точки во горниот десен агол. Одете на Settings, па потоа надолу сè додека не ви се појави Delete all Location History. Ќе ви се појави посебен прозорец за потврда на кој програмата ќе ве извести дека некои апликации по бришењето нема да работат како претходно. Потврдете дека ги разбирате информациите и избришете ја историјата на движење со кликање на Delete.

Како да го запрете следењето на Android?

За почеток, одете во Settings. Потоа влезете во Privacy, па во Location. Тука треба да ја исклучите функцијата Access to my location. Потоа ќе мора да промените уште поставки затоа што пристапот до локацијата на Android зависи од сензорите што ја следат локацијата – GPS, Wi-Fi, мобилна мрежа и многу други.

Одете надолу до Location services, каде што ќе можете да исклучите неколку услуги како што е, на пример, споделувањето на локацијата од Google (Google Location Sharing).

Исклучете ја историјата на локациите на Facebook

Facebook ја памети историјата на вашето движење, што значи дека ако сакате да ја избришете историјата на локации, тоа можете да го направете преку апликацијата или пребарувачот. Еве како можете да го направите тоа преку апликацијата.

Одете на трите паралелни црти во горниот десен агол. Потоа одете во Settings & Privacy, па на Settings. Одете надолу и кликнете на Location. Таму можете да ја прегледате историјата на забележаните локации и да ја исклучите. Кога веќе сте тука, проверете ја и функцијата Location services, која се наоѓа под Location access. Таму можете целосно да го исклучите следењето на локацијата.

Извор: Tportal.hr