Познат дојавувач на Twitter открива дека во 2021. година може да го очекуваме преклопниот смартфон Pixel Fold.
Шпекулациите за флексибилниот смартфон на Google, Pixel Fold кружеа веќе некое време, а сега познатиот дојавувач Џон Просер потврди дека уредот навистина постои.
Првите информации за овој уред ги објави аналитичарот Рос Јанг во декември 2020 година, а сега повторно е објавено дека во втората половина на 2021 година ќе видиме најмалку три нови мобилни телефони на Samsung, четири модели на Oppo, Vivo и Xiaomi и еден модел на Google.
the google pixel “fold” is a real thing
— Jon Prosser (@jon_prosser) February 25, 2021
Се шпекулира дека механизмот за преклопување на Pixel Fold ќе биде како на Motorola Razr 2020 и Samsung Galaxy Z Flip, додека исто така се појавија информации за три панели на преклопување со три екрани.
Google наводно им се придружува на Xiaomi и Oppo и нарачува екрани од Samsung. Во случајот на Google, ова се екрани од 7,6 инчи.
Извор: Klix.ba