Кина објави дека вселенското летало Тијанвен-1 денеска влезе во орбитата на Марс, од каде, наредниве месеци ќе го одреди местото за слетување на истражувачкиот ровер.
Кинеската национална вселенска агенција објави дека вселенското летало ќе ги мине следните три месеца во орбитата на Марс пред да го отпушти модулот со роверот што ќе ја снима површината на „Црвената планета“ и ќе ја истражува со помош на специјални сензори.
#China’s Tianwen-1 probe successfully completed its third braking and entered the parking orbit around #Mars early today. More pictures of Mars will be taken and sent back to the Earth. Look forward to seeing them soon! pic.twitter.com/LqheUs0NKB
— Ambassador Deng Xijun (@China2ASEAN) February 24, 2021
Минатиот четврток американскиот истражувачки ровер успешно слета на Марс во областа на кратерот Језеро во потрага по знаци и предзнаци на живот. Кина денеска официјално стана втората земја која успешно стигна до Марс, а нивниот ровер со сончев погон – со големина на количка за голф, ќе бара подземни води и, исто така – знаци на живот.
Кинескиот ровер ќе користи ракетен погон, падобрани и воздушни перничиња за да слета на површината на Марс.