Се чини дека славниот милијардер Илон Маск по најновата грешка ќе треба да го промени својот телефонски број.
Основачот на компанијата “SpaceX” и “Tesla” докажа дека сите луѓе понекогаш прават грешки. Имено, тој го открил својот телефонски број на профилот на Твитер, на кој има повеќе од 16,7 милиони следбеници.
Маск сакал да го контактира Џон Кармак, техничкиот директор на компанијата “Oculus”, а наместо да испрати приватна порака, тој објавил твит. “Имате ли секунда да позборуваме? Мојот број е …”, напишал Марк на својот профил.
https://twitter.com/AlBoeNEWS/status/943230747086807042?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=http%3A%2F%2Fsupermen.tocka.com.mk%2Fvesti%2F255638%2Filon-mask-slucajno-go-otkril-svojot-telefonski-broj-na-tviter
Објавата била набрзо избришана, но грешката ја забележале многу корисници на Твитер.
Elon Musk tweeted out his phone number; irrevocably ballsy! Lol, I truly admire the progressive stature of the man.@elonmusk
— barney rubble (@bonettbirdogg) December 20, 2017
Elon Musk may be the smartest man in the world, but I’ve never accidentally tweeted out my phone number… So I think I got him beat at least for today
— @wdotnewell (@wdotnewell) December 19, 2017
“Business Insider” наведува дека телефонскиот број навистина му припаѓа на Маск, додека еден новинар на “CNBC” кој го завртел бројот, открил снимена порака од популарната видео-игра “God of War”.
Секако, не помина многу време пред да се појават гласини во врска со соработката помеѓу Маск и Кармак, пренесува “Bloomberg”.
Извор: B92.net