Истражувањата покажуваат дека е многу лесно погрешно да се толкува емоционална содржина на порака кога е испратена како СМС или во електронска пошта.
Во 2015 година волонтери читале два дела на пораки – едни без контекст и едни со контекст. Пораките имале или точка или некакво „смајли“. Кога волонтерите ги читале пораките со контекст, последниот симбол немал значење. Но, кога пораките биле надвор од контекст, луѓето ги интерпретирале како саркастични, како гореспоменатиот пример за помалку искрени, па следствено на тоа и негативни пораки, кога имаат точка. Што се однесува до саркастичното критикување, неискреноста на точката го правела коментарот попозитивен. А „смајлито“ ја интензивира емоцијата. Сепак, на крајот искрените тврдења биле најсериозно сфатени.
Студија од 2005 година покажала дека примачите на електронска пошта не можат да ја идентификуваат наменетата емоција иако испраќачите на е-пораката сметаат дека „смајлињата“ и емоциите се коректно искористени и ќе бидат точно интерпретирани. Кога пораките се разменуваат со видеоснимка, тогаш способноста на луѓето точно да ги толкуваат наменетите емоции се зголемува за 75 проценти.
Очигледно е дека лична комуникација лице в лице е најдоброто решение. Но, експертите советуваат кога се зборува по електронски пат, да се биде јасен и прецизен во изразувањето, односно да се користат конкретни емоционални зборови во согласност со она што сакаме да го изразиме.