Во одредени случаи користењето на Фејсбук може да има негативно влијание на расположението на луѓето, а корисниците кои се повеќе време поминуваат на социјалната мрежа имаат проблеми со психичкото здравје, изјавија директорот за истражување во Фејсбук, Дејвид Финсберг и научникот Моира Бурка.
– Истражувачите веруваат дека читањето за другите луѓе може да доведе до негативно социјално споредување, оценуваат истражувачите на Фејсбук.
Тие додаваат дека многу важно е како се користат социјалните мрежи, бидејќи тоа понатаму влијае на здравјето и однесувањето на луѓето.
Компанијата во моментот е мета на критики бидејќи на моделот на рекламирање адаптирано на тие кои поминуваат најмногу време на Фејсбук, заработи 28 милијарди долари.
– Луѓето кои поминуваат многу време впивајќи информации, читајќи, не воспоставуваат контакт со другите луѓе, тврдат дека потоа се чувствуваат лошо, се наведува во заклучокот од истражувањето на Фејсбук.