Ако некогаш сте се запрашале како би изгледала Земјата кога некој би го повлекол имагинарниот „чеп“ на дното на океанот, IFL Science го има одговорот.
Прашањето што би се случило кога на дното од Маријанската Бразда би се отворила дупка од 10 метри првпат било поставено пред неколку години во книгата „What If?: Serious Scientific Answers to Absurd Hypothetical Questions“.
За сите оние што бегале од часовите по географија, Маријанската Бразда е најдлабоката точка во океанот, која се наоѓа во западниот дел на Пацификот, источно од Маријанските Острови.
Користејќи различни научни извори и Бернулиевата равенка за мерење на протокот на некомпресивни флуиди, корисникот на „Редит“ под име Виниција направил интересна анимација која го дава одговорот на ова прашање.
Како тоа изгледа, погледнете на видеото: