Ова е првпат некој да ја проучи цела површина на нашата планета.

Од површината на планетата Земја исчезнаа вкупно 28 трилиони тони мраз од 1994. година досега, а до овој податок дошле британски научници кои што со помош на сателит ја истражувале површината на Земјата.

Научници од Универзитетот во Лидс, Единбург и Лондон, со еден збор губењето на количината мраз го опишале како „запрепастувачко“, пренесува Guardian.

„Доколку глечерите и ледените плочи продолжат да се топат со оваа брзина, секој центиметар на пораст на нивото на морето ќе значи дека околу милион луѓе ќе бидат иселени од своите домови“ – објаснил професор Енди Шефард од Универзитетот Лидс.

Научниците укажуваат дека топењето на мразот во такви количини сериозно ја намалува способноста на Земјата да рефлектира сончева радијација назад во вселената.

Мразот исчезнува, а морето или тлото изложени под него упатуваат повеќе топлина, зголемувајќи го затоплувањето на Земјата.

„Во минатото научниците проучуваа само поедини подрачја, како Антарктикот и Гренланд, набљудувајќи каде и колку мразот се топи.

Ова е првпат некој да ја проучи цела површина на Земјата. Тоа што го пронајдовме, нè остави без текст“ – изјавил Шефард.

Извор: Srbija Danas