Според информациите на доверливиот дојавувач Ишан Агарвал, Xiaomi на 8 февруари, покрај Mi 11 телефонот, ќе го претстави и 75-инчниот телевизор Mi QLED 4K, како и Mi Electric Scooter Pro 2. Со оглед на тоа што сите три произведи веќе беа објавени во Кина, знаеме кои карактеристики ќе ги имаат.
Агарвал сугерира дека Mi QLED 4K телевизорот ќе чини 1.200 евра или повеќе, додека електричниот скутер на европските пазари ќе чини околу 700-800 евра.
Mi QLED 4K телевизорот ќе биде Mi TV 5 Pro 75-инчен модел со Quantum-dot LED екран, HDR10+ поддршка, агли на гледање од 178 степени, 97% screen-to-body однос и дебелина од 5,8 милиметри. Иако има оригинална 4K резолуција, телевизорот е 8K ready за содржини од следната генерација. Од хардверска страна, има четиријадрен Amlogic процесор, 4 GB RAM и 64 GB простор за складирање. Опциите за поврзување ги вклучуваат dual-band Wi-Fi, Bluetooth, HDMI, USB, Ethernet и S/PDIF портовите. Постојат и 8W стерео звучници и Google Assistant гласовна поддршка.
Mi Electric Scooter Pro 2 ќе пристигне во Европа како Mercedes-AMG Petronas F1 Team Edition. Може да издржи возење до 45 километри, благодарение на батеријата од 12400mAh и достигнува брзина до 25 км на час. Скутерот тежи 14,2 килограми и му се потребни 8-9 часа да се наполни до врв. Скутерот има LCD екран што ja покажува брзинаta, статус на фаровите и друго.