Последниот концептен телефон што го прикажа Xiaomi беше Mi Mix Alpha од септември 2019 година. Сега компанијата прикажа различен тип на заоблен дисплеј, кој се закривува околу рабовите, од левата и десната, но и од горната и долната страна.
Xiaomi ова го нарекува hyper quad-curved екран од 88 степени, а во прашање е најекстремната форма на закривен екран што досега сме имале прилика да ја видиме.
Концепт уредот нема портови ниту физички копчиња. Новиот дисплеј има четири заоблени засеци во аглите, а друг интересен избор е позиционирањето на статусната лента во горниот десен агол.
Иако промотивните фотографии и видеото покажуваат само рендери, а не конкретен уред, претставниците на Xioami потврдија дека постои прототип со новиот hyper quad-curved екран. Засега нема информации за можна комерцијална употреба на овој телефон или споменатиот дисплеј.