Научниците од универзитетот Монаш во Мелбурн сметаат дека постојат подобри пребарувачи од Google.
Тие неодамна спровеле истражување со кое дошле до заклучок дека „Bing“ и „Ecosia“ се многу подобри пребарувачи, односно дека даваат многу поголем број релевантни резултати отколку Google, пренесува The Guardian.
Научниците, за своето истражување користеле 10 најпребарувани поими во Австралија за минатиот месец, а потоа споредиле како на тие пребарувања реагираат Google, Bing и Ecosia.
Истражувањето открива дека Bing и Ecosia даваат попрофесионално произведени вести. На пример, претрагата на поимот Grace Tame кога се користи Google, во првите 50 резултати дала околу 70 отсто од страници кои се сметаат за професионални новински портали. За истиот поим, Bing дал 94 отсто, а Ecosia – 82 отсто.
Кога станува збор за поимот Lockdown, тука Google дал 80 отсто, „Bing 90 отсто, а Ecosia 86 отсто релевантни резултати во првите 50.
Извор: B92.net