„Тешките случаи на Ковид-19 можат да влијаат на квалитетот на спермата кај мажите, што веројатно може да влијае на плодноста на мажите“, се наведува во новото истражување што било објавено во списанието „Reproduction“.

„Овој извештај го дава првиот директен доказ дека инфекцијата на коронавирусот може да го наруши квалитетот на спермата и репродуктивниот потенцијал кај мажите“, се наведува во истражувањето.

Меѓутоа, експертите кои што не биле вклучени во истражувањето веднаш биле скептични кон заклучокот на извештајот и повикале на внимателност во прекумерните информации кои се дадени во истражувањето.

„Мораме да изразиме внимание во интерпретацијата на ваквите податоци. На пример, авторите наведуваат дека нивните податоци покажуваат дека ‘инфекцијата на коронавирусот предизвикува значителни оштетувања на репродуктивната функција кај мажите’, но всушност само покажуваат некаква поврзаност“, изјавил Алан Пацеи, професор по андрологија на Универзитетот Шефилд.

„Заболувањата од било кој вирус, како што е и грипот, можат привремено да ја намалат количината на спермата (понекогаш и на нула) во текот на неколку седмици или месеци. Тоа го отежнува утврдувањето колку од намалувањата се воочени во текот на истражувањето кои што се специфични за Ковид-19“, изјавила докторката Чана Чаесин, советничка за репродуктивна ендокринологија и андрологија на Империјал колеџот во Лондон.

Покрај тоа, „важно е да се спомене дека нема докази дека коронавирусот е пронајден во спермата и дека вирусот не може да се пренесе преку неа“, изјавила Алисон Мурдок која што е на чело на Центарот „Nevcastle Fertility“ во Велика Британија.

Истражувањето било спроведено на 105 мажи без Ковид-19 и 84 мажи на кои што им бил дијагностициран Ковид-19, а била анализирана нивната сперма во интервали од 10 дена до 60 дена.

Во споредба со здравите мажи без Ковид-19, истражувањето открило значаен пораст на воспаленија и оксидативен стрес во клетките на спермата која што припаѓала на мажите со Ковид-19. Вирусот исто така негативно влијаел и на нивната концентрација, подвижност и облик на спермата.

„Овие ефекти на клетките од семената течност се поврзани со низок квалитет на спермата и намален потенцијал за плодност. Иако овие ефекти се подобриле, тие останале значително и зголемени кај пациентите со Ковид-19, а големината на ваквите промени исто така е поврзана со сериозноста на болеста“, изјавил водечкиот истражувач Бехзад Хајизадех Малеки, доктор од германскиот Универзитет.

Меѓутоа, не е изненадувачки тоа што Ковид-19 може да влијае на репродуктивниот ситем кај мажите затоа што ACE2 рецепторите или „истите рецептори кои што вирусот ги користи за пристап до ткивото на белите дробови исто така се наоѓаат и во тестисите“, изјавил Пацеи, пренесува „CNN“.

Извор: Kurir.rs