Со пилот програмата која е во тек, патиштата наместо со класична сол се третираат со отпадни води генерирани како продукт од производството на кисели краставички
Во Баварија во функција е пилот програма која веќе една година покажува одлични резултати. Патната служба во градот Динголфинг користи вода од краставички наместо класична сол за патиштата да ги одржува безбедни во зима. Отпадните води генерирани како продукт од производството на кисели краставички од производителот на деликатесни производи Develey сега ја заменуваат класичната сол за одмрзнување на патиштата. Водата од краставичките која содржи сол досега се отстранувала преку канализациониот систем, но сега се прска по патиштата. Во посебна постројка, водата се третира, чисти и се доставува до работниците во патната служба како саламура. Од друга страна, со рециклирање на солената вода се намалува вкупната количина на сол која се ослободува во животната околина. Водата од краставичките е доволна за одржување на патиштата во радиус од 85 километри од Динголфинг во текот на целата зимска сезона.
Солта е огромен товар за животната средина. Баварското Министерство за домување, градежништво и транспорт со овој пилот проект годинава очекува да заштеди 700 тони сол и 4,9 милиони литри вода. Производителот на кисели краставички, од друга страна, треба да вложи многу помалку пари за третманот на отпадните води.