Пред смартфоните да го преземат приматот за слушање музика, еден од најдобрите уреди за оваа намена беше iPod. Тој и денес е во срцата на многу љубители на гаџети, а YouTube-рот Гај Дупонт одлучи на својот примерок да му даде нов живот. Имено, тој од iPod Classic од четвртата генерација направи уред кој може да стримува музика преку услугата Spotify.
Ова не беше воопшто лесен потфат и бараше многу трпеливост и знаење. Дупон како основа за овој проект го зема iPod од 2004 година. Бидејќи нема можност за конекција на интернет, тој во суштина мораше сериозно да го модифицира уредот, поточно да го направи од почеток, а крајниот резултат го нарече sPot.
SPot има можност за поврзување преку Wi-Fi и Bluetooth, така што музиката што ја стримува може да ја репродуцира преку звучници или слушалки. Тоа е и единствениот начин за поврзување, бидејќи класичниот излез за слушалки во редизајнираниот модел не е функционален. Уредот има батерија од 1.000 mAh. За сето ова да може да работи, мораше да биде отстранета оригиналната iPod електроника, а наместо тоа е искористен Raspberry Pi Zero W. Додаден е и мотор кој обезбедува хаптички одговор на притисокот на кружниот контролер. За полнење на уредот беше употребен Micro USB порт (наместо тогашниот 30-пински конектор на Apple). Заменет е и оригиналниот монохроматски дисплеј на iPod, со понов екран во боја.
Дупонт сам го напиша софтверот, кој го нарече Raspotify. Благодарение на тоа, му овозможил на Raspberry Pi компјутерот да пристапува до услугата преку Spotify Connect API. Интерфејсот од предната страна овозможува и пребарување песни на sPot.