Естонскиот универзитет Тарту и компанијата Milrem Robotics развиле два вида автономни роботи кои можат да засадат илјадници садници дрвја за само еден ден.
Функцијата на едниот модел е да сади, додека другиот модел на робот има функција на косење. Роботите можат да работат во тандем.
Multiscope Forester Planter е опремен со модуларен систем со капацитет за садење од 380 садници. Milrem Robotic истакна дека не е погоден за тешки терени и временски услови.
Multiscope Forester Brushcutter е дизајниран за потежок и понепристапен терен и е опремен со систем за косење и со сензори.
Двата робота можат да се движат со брзина до 20 км/ч, при што Forester Planter може да засади хектар земјиште за 5 до 6,5 часа во зависност од теренот и видот на дрвјата.
Роботите можат да работат во тандем, при што Brushcutter коси и го расчистува теренот, а Planter засадува дрвја. За навигација користат ласерски базирани LiDAR камери, како и GPS. LiDAR создава тродимензионална геометриска претстава на околината и им овозможува на роботите да се движат автономно.
Извор: Klix.ba