Никогаш порано во човечката историја не сме биле побогати, понапредни или успешни. А сепак, се соочуваме со брзото темпо на климатски промени, речиси беспомошни да ги спречиме. Сувите места стануваат посуви, а влажните места уште повлажни. Безброј екосистеми изумираат и исчезнуваат со загадувањето на океаните. Кои се последниците од климатските промени? Кому може да ја препишеме виновната за оваа сценарио? Има ли светло на крајот на тунелот?

Кои се последиците од климатските промени?

Човечките активности и емисиите на гасови со ефект на стаклена градина во атмосферата веќе оставија видлив белег на климата на нашата планета.

  • Температурата се зголеми за околу 1.1 степен во однос на прединдустрискиот период.
  • Во повеќето копнени области секоја од последниве 4 години беше потопла од претходната година.
  • Бевме сведоци на голем број топлотни бранови, настани со екстремна количина врнежи и суши.
  • Потенцијално зголемување на нивото на морињата до 2 метри може целосно да ги дестабилизира ледените плочи на Гренланд и Антарктикот

Дури и да ја задржиме границата на затоплување до 1.5 степени, сепак нема да бидеме имуни на сè повеќе екстремни временски настани кои ќе направат фијаско во светот.

Кои се виновниците за климатските промени?

Истражувањата покажуваат дека следниве држави се најголеми емитери на јаглерод диоксид (CO2):

  • САД со кумулативни емисии од 509 милијарди тони CO2 (20% од вкупните кумулативни емисии во светот);
  • Кина со 284 милијарди тони CO2 (11%);
  • Русија со 172 милијарди тони CO2 (7%);
  • Бразил со 112 милијарди тони CO2 (5%)
  • Индонезија со 102 милијарди тони CO2 (4%)
  • Германија со 88 милијарди тони CO2 (4%)
  • Обединетото Кралство со 74 милијарди тони CO2 (3%).
  • Индија со 68 милијарди тони CO2 (3%)

Статистички, за 2/3 од вкупните кумулативни емисии на CO2 во светот одговорни се фосилните горива и цементот, а ⅓ CO2 им се припишува на употребата на земјиштето и шумарството.

Пред да го впериме прстот во другите, треба да се запрашаме што ние како индивидуи правиме за да ја зачуваме животната средина или само уште повеќе придонесуваме за хаосот што веќе се случува?

Дали има светло на крајот на тунелот?

Иако сознанијата од климатските промени не се сјајни, добра вест е тоа што во најголема мера иднината е сè уште во нашите раце.

Идните емисии на гасови со ефект на стаклена градина директно зависат од тоа колку ќе се загрее нашата планета.

Ова значи дека ако се спроведат мерки за намалување на согорувањето фосилни горива и ако се премине кон обновливи извори на енергија, голема е веројатноста дека ќе може да ги спречиме едни од најтешките последици од климатските промени.

Светот нема време за губење! Потребна е итна и одлучна климатска акција. Секој дополнителен тон CO2 во атмосферата ја зголемува шансата за бројни неповолни услови и само ние можеме да го превенираме оваа сценарио.

Како да ја заштитиме животната средина од најлошото? Во видеово ќе го најдеш одговорот:

Извор: Некст Медиа

„За повеќе теми и занимливости од слични области, посетете ја Медиа страната на Бреинстер Некст Колеџ