Xiaomi Mi 11, кој беше објавен кон крајот на декември, беше првиот премиум телефон на кинеската компанија што беше понуден во две варијанти – една со полнач во пакувањето и една без полнач.
Меѓутоа, се појавуваат информации дека истата ситуација може да се повтори и со Redmi K40 моделот. Генералниот директор на Redmi објави нова фотографија која укажува на официјалното пакување на претстојниот Redmi K40 телефон.
Како што можете да се види, една од кутиите е значително потенка од другата, што сугерира дека компанијата можеби ја разгледа опцијата за објава на Redmi K40 моделот без полнач во кутијата.
Во моментов нема официјална потврда дали Redmi K40 ќе биде испорачан со полнач или без него, но можно е дека компанијата ќе одлучи на корисниците да им понуди две опции на смартфонот по слична цена.