Звучи прилично необично, но компјутерот на MSI наменет за гејмери има само интегрирана графичка карта и е наменет за cloud гејминг.

Иако конзолите како новите PlayStation и Xbox, како и премиум компјутерите со премиум хардвер, сè уште се сон за повеќето гејмери, се ближиме до период кога хардверската моќ нема да биде воопшто важна за уживање во најмоќните и најдобрите игри. Ќе можат да се играат и на мобилните уреди, како и на моќните компјутери и конзоли, а графичкото и гејмерското искуство ќе бидат исти на сите овие уреди.

Причината зошто во врвните игри повеќе нема да биде потребен моќен хардвер и графика се наоѓа во cloud гејмерските сервиси. Целата процесорска и графичка работа ќе се одвива на оддалечени сервери, а на корисниците ќе им биде потребен само уред поврзан на интернет и претплата на таква услуга.

Microsoft веќе го претстави Xbox Game Pass Ultimate за cloud гејминг, кој е достапен за сопствениците на нивните конзоли, но и мобилните уреди и персоналните компјутери. Sony подготвува нова услуга за облак, а Google претходно ја претстави услугата за игри во облак – Stadia.

Минатата недела MSI го претстави компјутерот MSI MAG Trident S 5M наменет за гејмерите, кој се издвојува бидејќи нема посебна графичка картичка, туку само интегрирана AMD графика. Имено, овој гејмерски компјутер е создаден исклучиво за играње игри во облак и мобилни игри, односно за сервиси како што е Xbox Game Pass Ultimate, па не му треба ниту подобра графика од интегрираната.

Компјутерот може да се конфигурира со octa-core Ryzen 5700G процесор на AMD со интегрирана Ryzen графика, има два M.2 SSD слота и меморија до 64 GB.

Од компанијата велат дека компјутерот е компатибилен со повеќето гејминг cloud услуги, а доаѓа и со 30 дена бесплатно користење на услугата Xbox Game Pass Ultimate. Неговата примарна цел не е да се користи како класичен десктоп компјутер, туку како замена за гејмерските конзоли.

Сите облак услуги се интегрирани во софтверот Game Stadium на MSI, така што има и игри за Android, па можете да уживате во омилените мобилни игри преку овој компјутер.