Кога сакате да ја споделите вашата WiFi лозинка со повеќе лица, тоа може брзо да стане заморно. Се разбира, секогаш можете да ја кажете лозинката, но тоа ви дава помала контрола врз тоа кој и кои уреди можат да се поврзат на вашата мрежа (и може да ве наведе да изберете поедноставна лозинка).
Ако имате телефон со Android 10, можете лесно да ја споделите вашата WiFi лозинка во облик на QR-код. Овозможувањето пристап до WiFi уредот со скенирање на QR-код стана можно благодарение на Wi-Fi Easy Connect протоколот, а иако тоа е полесен и побезбеден начин за додавање нови уреди, се уште постојат неколку недостатоци. За среќа, Google работи на уште полесен начин за споделување на WiFi лозинки, а тоа би можело да дебитира во претстојната Android 12 верзија.
Проблемот со делење лозинки преку QR-код е тоа што вклучува или физичко држење на телефонот за скенирање на QR-кодот на друг телефон (замислете тоа да го правите во преполна просторија со толпа луѓе) или скенирање на QR-код што е отпечатен (ја отежнува контролата над тоа кој добива пристап) За среќа, Google работи на решение што ви овозможува полесно да го делите генерираниот QR-код со другите, користејќи ја функцијата на компанијата „Nearby Share“. Идејата е да се постави страницата „Share Wi-Fi“, на која би постоело Nearby Share копчето.
Кога ќе се допре, се покренува нативната компонента за споделување во близина (а тоа е Google Nearby Share на сите сертификувани Android уреди), за да може корисникот да го сподели QR-кодот со било кој близок корисник на Android уред. Сè уште не знаеме со сигурност дали оваа функција ќе се појави во Android 12 или ќе го почекаме новото издание на Андроид.