Докторите истакнуваат дека пациентите кои завршуваат во болница често имаат заситеност на кислород во крвта под 80 проценти, бидејќи премногу долго чекале и се надеваат дека оксиметрите ќе помогнат во иднина да се избегне такво сценарио.
Научниците и докторите кои ја следат пандемијата на коронавирусот, веќе со месеци знаат дека кај пацинетите со потежок облик на болеста Ковид-19, наглиот пад на заситенноста на крвта со кислород може да укаже на сериозни проблеми, па дури и да доведе до смрт.
Во текот на развојот на болеста, нивото на кислород во крвта може нагло да падне на опасно ниво, што се нарекува „тивка хипоксија“. Пациентите овој пад го чувствуваат како отежнато дишење, но може многу брзо да резултира и во несвестица и сериозни проблеми.
Проблемот е што таквиот пад се појавува и кај пациенти, кои се проценети како заболени од полесна форма на Ковид-19 и се наоѓаат на домашно лекување.
Поради тоа, докторите во Велика Британија им препишуваат на ризичните пациенти користење на оксиметар, мал уред што го мери нивото на кислород во крвта. И додека нормалното ниво на кислород во крвта е помеѓу 95 и 100 проценти, кај болните од Ковид-19 често паѓа на ниво помеѓу 70 и 80 проценти, по што завршуваат во болница.
Токму навреме за да ги препознаат симптомите на тивка хипоксија, докторите ги охрабруваат своите пациенти три пати на ден да го мерат нивото на кислород во крвта. Ако сатурацијата со кислород падне под 95 проценти, советот е пациентите да контактираат со своите матични лекари. Ако падне под 92 проценти, тие треба да повикаат брза помош или да се упатат кон болница.
Докторите истакнуваат дека пациентите кои завршуваат во болница често имаат заситеност на кислород во крвта под 80 проценти, бидејќи премногу долго чекале и се надеваат дека оксиметрите ќе помогнат во иднина да се избегне такво сценарио.
Додаваат и дека забележуваат дека луѓето кои порано ќе дојдат во болница имаат поголеми шанси за преживување, но и дека пократко престојуваат на лекување.
Оксиметрите што се ставаат на прстот и го следат нивото на кислород во крвта, можат да се купат за околу 2.500 до 3.000 денари во повеќето аптеки и продавници за медицинска опрема. Иако и паметните часовници и нараквици се фалат со можноста за мерење на нивото на кислород во крвта, докторите посочуваат дека нивните резултати треба да се земат со доза на сомнеж, бидејќи се покажало дека не се секогаш сигурни.