Белата дупка е бизарен космички објект кој што е исклучително светол и од кој материите избиваат, а не исчезнуваат. Со други зборови, таа е спротивност на црната дупка. Но, за разлика од црната дупка, не постои консензус за тоа дали белата дупка постои и како би можела да настане.

Нив ги предвидува Ајнштајновата теорија за гравитација, а најчесто се спомнуваат во контекст кога црната дупка делува како влезна точка во тунелот низ просторот и времето, завршувајќи во бела дупка некаде на друго место во Универзумот.

Но, сето тоа е контроверзно, затоа што Ајнштајновата теорија предвидува постоење на т.н. сингуларност во центарот на црните дупки – состојба на бесконечна гравитација која што би спречила било што да помине до белата дупка на другата страна.

Меѓутоа, некои од теоретичарите мислат дека комбинацијата на Ајнштајновата теорија и квантната теорија укажуваат нов начин на размислување за белите дупки. Наместо да бидат „излез“, тие можат да бидат успорена репродукција на формирање на изворната црна дупка.

Процесот започнува тогаш кога стара масивна ѕвезда ќе се сруши под сопствена тежина и формира црна дупка. Но, потоа квантниот ефект се појавува околу површината на црната дупка сопирајќи го понатамошното рушење со сингуларност и наместо тоа почнува постепено да се претвораат од црни во бели дупки кои што повторно ја исфрлаат ѕвездената изворна материја.

Процесот е исклучително спор, па можеби долго треба да се чека дали навистина белите дупки постојат.

Извор: Kurir.rs