Се појавија рендери од следната верзија на SonyXperia 10 III телефонот, кој е наследник на минатогодишниот модел Xperia 10 II.
Sony Xperia 10 III ќе има 6-инчен екран, а Sony ги задржува широките рамки околу екранот. Димензиите на телефонот наводно изнесуваат 154,4 x 68,4 x 8,3 mm (9,1 mm каде што е испакнувањето за камерата). Уредот е компактен за денешните стандарди, а во однос на претходникот е пократок и потесен.
Системот со три камери на задната страна би требало да содржи 12MP главен сензор , 8МP ултраширок и 8MP телефото сензор. Предните двојни звучници се повторно тука како и 3,5-милиметарскиот приклучок. Сензорот за отпечатоци од прсти е сместен во копчето за вклучување од страната на рамката.
Според претходните информации, Xperia 10 III би требало да го користи Qualcomm Snapdragon 690 5G чипсетот.