Вакцината, изработена во соработка помеѓу Универзитетот во Оксфорд и компанијата „АстраЗенека“, доби „зелено светло“ за апликација во Велика Британија уште на 30 декември минатата година, што и даде интензитет на имунизацијата во таа земја.
Владата на Велика Британија порача 100 милиони дози од оваа вакцина, произведена од „АстраЗенека“, што ќе биде доволно за вакцинирање на 50 милиони луѓе, пренесува Би-Би-Си. Одобрението издадено од здравствената регулаторна агенција практично значи дека вакцината е и безбедна и ефикасна.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска објави потпишување на трилатерален договор со Полска и компанијата „АстраЗенека“ според кој 800.000 дози од оваа вакцина ќе пристигнат во Србија. Така, ова официјално ќе биде 4-та вакцина со која ќе можат да се имунизираат српските граѓани.
Оваа вакцина е дизајнирана во првите месеци од 2020 година, а првите волонтери биле тестирани во април, и оттогаш е спроведено обемно клиничко испитување во кое учествувале неколку илјади луѓе.
Еве што треба да знаеме за долгоочекуваната вакцина во Оксфорд:
Колку штити вакцината од Оксфорд?
Ефективноста на вакцината Оксфорд произведена од АстраЗенека може да биде и до 80 проценти, во случаи кога интервалот помеѓу приемот на двете потребни дози е поголем и до три месеци, што го препорачуваат британски експерти.
Вакцините на Оксфорд и АстраЗенека можат да бидат ефикасни до 80 проценти кога има период од три месеци помеѓу две дози, изјави висок службеник вклучен во одобрувањето на вакцината во Велика Британија, додавајќи дека досега нема доволно докази за ефикасноста на вакцината по добивањето на половина од дозата.
– Ефикасноста беше висока, до 80 проценти кога имаше тримесечен интервал помеѓу првата и втората доза, што е причина за нашата препорака – рече Мунир Пирмохамед, претседател на Работната група при Британската агенција за лекови и медицински помагала (МХРА).
– Исто така, го разгледавме режимот за половина доза, за кој многу е напишано, но сметавме дека резултатите не беа поддржани од комплетната анализа – рече тој на прес-конференција на која британската регулаторна агенција МХРА ја објави својата одлука за одобрување на вакцината.
Дали вакцината е безбедна?
Безбедносната анализа доаѓа од базата на податоци од 24.000 волонтери кои учествувале во клинички испитувања во Велика Британија, Бразил и Јужна Африка од април. Досега не се идентификувани сериозни несакани ефекти поврзани со вакцината, истакнуваат научниците. Детали за лесни несакани ефекти, како што се болка во раката или замор, сè уште не се објавени.
Дали ќе ги заштити сите подеднакво?
Постарите луѓе се најмногу изложени на ризик од Ковид-19, па затоа научниците првенствено сакале да видат добар одговор на организмот кај постарите волонтери. Голем предизвик е вакцината да биде ефикасна кај постарите луѓе бидејќи имунитетниот систем слабее со возраста, но податоците од Оксфорд сугерираат дека постои „сличен одговор“ кај постарите лица, исто како и кај помладите.
Што му прави вакцината на нашето тело?
Во сржта на вакцината Оксфорд/АстраЗенека е вирусот што предизвикува настинка кај шимпанзата. Вирусот на шимпанзата е изменет така што не може да се размножува и да предизвикува болести. Сепак, во него е вметнат протеин во форма на шило, кое коронавирусот SARS-CoV-2 го користи за да навлезе во нашите клетки.
Кога се инјектира вакцината, вирусот на шимпанзата го доставува генот за вирусот корона на човечките клетки кои почнуваат да ослободуваат клас протеини. Тие се откриени од имунолошкиот систем кој произведува антитела и други одговори кои можат да го нападнат вистинскиот вирус на корона, ако некое лице се зарази во иднина.
Зошто вирусот на шимпанзата?
Оксфорд се одлучи за овој вирус затоа што има потенцијал да генерира силен имунолошки одговор и бидејќи не може да се шири меѓу луѓето, тој би требало да биде безбеден.
Што ја прави различна вакцината на Оксфорд од другите?
Оксфордската вакцина наречена ChAdOx1 nCoV-19 се базира на традиционалната векторска технологија во споредба со вакцините Фајзер и Модерна, кои се mRNA вакцини. Регулаторните тела никогаш претходно во историјата не одобрувале вакви вакцини. Оксфордскиот пристап се користи во вакцините со децении – од туберкулоза до ебола.
Како се чува?
Вакцината од Оксфорд се чува во стандардни фрижидери, што во голема мера ја олеснува дистрибуцијата.
Што сè уште не знаеме?
Едно големо прашање во врска со вакцините против коронавирус е дали тие можат да спречат асимптоматски инфекции, како и болести предизвикани од вирусот. Намалувањето на асимптоматските инфекции, кога луѓето можат да го шират вирусот без да знаат дека го имаат, може да има големо влијание врз забавувањето на ширењето на болеста. Податоците од Оксфорд откриле докази за намалена асимптоматска инфекција кај оние кои примиле половина од дозата проследена со целосна доза подоцна.
Никој дури и не знае колку долго вакцината Оксфорд или која било друга обезбедува заштита. Некои тврдат дека тие ќе бидат ефективни со години, но одговорот на ова прашање ќе ни даде само времето.