Според германските медиуми, на клиниката Гармиш-Партенкирхен е пронајден нов, досега непознат вид коронавирус.Во болницата во Гармиш-Партенкирхен, кај 73 пациенти и вработени биле тестирани позитивни на вирусот корона.
Минхенски „Меркур“ пишува дека досега непознат вид коронавирус е откриен кај три заразени лица. Лаборантите во клиниката со помош на специјален лабораториски апарат утврдиле неправилности во примероците.
Примероците на пациентите со новиот вид веднаш биле испратени во Берлин, каде што со детална анализа е потврдено сомневањето дека станува збор за нова варијанта на короната. Засега е нејасно каква карактеристика има мутираниот сој што сега е откриен во Германија.
Клиниката во Гармиш-Партенкирхен посочува дека е нормално вирусот да мутира и тие потсетуваат дека повеќе од 12.000 промени во низата на вируси се утврдени ширум светот од почетокот на пандемијата.
Поради појавата на мутиран вирус, сите операции на клиниката се откажани, а одделите во кои е утврдена инфекцијата се изолирани.