Хуан Сандовал Инигез, мексикански кардинал, во видео објавено на Фејсбук тврди дека вакцината против Ковид-19 содржи ознаки на „ѕверот“, односно Сатаната.

Видеото со наслов „Заговорот на новиот светски поредок“ беше објавено на Фејсбук на 12-ти јануари, а кардинал Сандовал во него истакна дека пандемијата ќе потрае уште неколку години.

„Нема пандемијата да исчезне за месец-два, можеби ниту оваа година, можеби ниту за три, четири, пет или шест години. Тоа го сакаат тие луѓе“, порача мексиканскиот кардинал.

Сандовал го нападна и Бил Гејтс, истакнувајќи дека основачот на Мајкрософт сметал дека е пророк, предвидувајќи избивање на смртоносни болести.

Фејсбук набрзо ја цензурираше објавата и видеото го направи недостапно, а напишано е предупредување кое гласи: „Оваа објава ги повторува дезинформациите за Ковид-19 за кои независните експерти индицираа дека се лажни“.

Извор: B92.net